Домашни уметници викендов го подновија Скопје со графити на тема „Солидарност“. Преку нивната уметност тие упатија порака за солидарност, како сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје.
Акцијата, организирана од Град Скопје, а во соработка со Младинскиот културен центар, ги здружи графити артистите Ертунч Сали, Давор Кешкец, Марко Вујисиќ, Драган Китановски – Драж, Дејан Давчевски, Блаже Атанасков и Ермаљ Криезиу.
Тие цртаа на Легален ѕид #1, потпорниот ѕид на улица „Војвода Васил Чакаларов“ (Адолф Циборовски). Тое е еден од двата легални ѕида/Legal Walls за слободно користење од уличните уметници, кои ги доби Скопје минатата недела.