Јапонската регулаторна агенција одобри денеска активирање на „леден ѕид“, огромна подземна разладна ограда, околу оштетениот нуклеарен реактор во централата „Фукушима“, со цел да се спречи излевање на радиоактивна вода.
Агенцијата соопшти дека разладната структура со досега невидени димензии, чија изградба е завршена минатиот месец, сега можe да биде активирана.
Овој проект, чија вредност изнесува околу 312 милиони долари, е составен од цевки кои се дизајнирани да го замрзнуваат околното земјиште и да формираат ѕид долг 1,5 километри околу реакторот и турбините, со цел да се спречи радиоактивната вода да дојде во подземните води.
https://nuclearstreet.com/cfs-file/__key/communityserver-blogs-components-weblogfiles/00-00-00-00-34/3513.Fukushima-Daiichi-ice-wall.jpg