На фасадата на поранешното седиште на Комецијална банка, денес познато како „Палатата АСНОМ“, ќе се поставува лед екран за надворешна употреба. Владата за ова ќе потроши 37.800.000 денари или околу 615.000 евра. Владата го купи поранешното седиште на Комерцијална банка во 2012 година.
Според огласот за избор на најповолен понудувач, на компаниите им е оставена можноста да ги достават своите понуди најдоцна до 11 јануари 2016 година. Оваа т.н. палата, лоцирана веднаш до новиот Уставен суд, во иднина ќе претставува административна зграда.
Во внатрешноста на објектот се одвиваат реконструктивни работи. Македонската влада за првата фаза од адаптацијата и ентериерното уредување на просториите потроши 20 милиони денари, или околу 320.000 евра. За потребите на владините административци во изминативе месеци се уредуваше кујната и ресторанот од овој објект.