Градот Лијанг во источна Кина, официјално има импозантно ново архитектонско обележје: Музејот Лијанг, на работ на паркот Yan Lake Park, кој поврзува неодамна изградена градска четврт со јавниот парк и остатокот од градот.
CROX, големо проектантско биро за архитектура и дизајн на пејзажи основано од архитектот C.R. Lin во 2009 година, го изработило проектот и ја надгледувало неговата изградба. Поради својата поврзувачка функција, CROX на музејот му дале форма која ги поздравува посетителите од сите страни и ги отвара сите врати на културата.
Желбата да се добие овој ефект на отвореност било првото ограничување на проектот, давајќи и на зградата карактеристична структура. CROX го моделирал теренот на локацијата за да создаде вештачка насип со 7000 квадратни метри корисен простор, на која се потпира величествен волумен со органска форма со вкупно 12.000 квадратни метри внатрешен простор. Волуменот, со својата брановидна форма инспирирана од древниот кинески музички инструмент, Jiaoweiqin, целосно е покриен со емајлиран алуминиум во темна боја, одвојувајќи се од естетските канони на сите згради во радиус од неколку километри, така што зградата нема формален однос со нив, што го прави Музејот Лијанг нов „орјентир“.
Според архитектите: „Од ориентална точка на гледање, архитектурата се набљудива како дел од природната целина, која содржи и внатрешен и надворешен простор; простор кој ги поврзува човекот, земјата и универзумот“. Тимот кој го проектирал музејот дал конкретна форма на концептот на универзална врска преку ветрот кој струи помеѓу тревните насипи и алуминиумскиот волумен, два елементи кои симболизираат земја и небо, минато, сегашност и иднина. Воздухот кој струи низ празните простори се забрзува, создавајќи хармонични мелодии кои на слушателот му даваат чувство дека се наоѓа во центарот на обединувачки тек на ветер и музика.
„Лебдечки“ е зборот кој CROX го користи за да го опише волуменот од алуминиум. „Како и поезијата: мазна и промислена“, лебдечки волумен е вистинскиот центар на музејот Лијанг, кој содржи три изложбени сали со изразито предизвикувачки имиња: „минато“, „сегашност“ и „иднина“.
Проектот на CROX беше изложен во форма на модели, цртежи и видео концепт создаден специјално за таа цел во Palazzo Mora за време на Биеналето во Венеција 2018, како дел од изложбата „Time Space Existence“.