Насловна / Архитектура / Лебдечки музеј обложен со керамички дискови

Лебдечки музеј обложен со керамички дискови

Првиот објект на славниот архитект Ренцо Пијано во Шпанија ќе биде отворен на 23 јуни годинава. Centro Botin е импресивен музеј на десет илјади квадрати, кој од неодамна го краси брегот на северениот шпански град Сантандер. Зградата на столбови е проектирана така што е издигната над теренот, па од морето изгледа како да лебди.metalocus_renzo-piano_fund-botin_03

Футуристичкиот објект е поделен во две структури во облик на буквата „D“, кои конзолно излегуваат на море. Фасадата на музејот е обложена со 270 илјади керамички дискови кои рефлектираат бои на небото и морето. Фондацијата „Ботин“, што ја финансирала изградбата на овој музеј, сакала современо обликувана зграда која ќе привлекува внимание. Можеби токму од таа причина, Пијано одлучил нејзината фасада да ја обложи со керамички дискови кои ги рефлектираат боите на небото и морето.ренцо пиано музеј во шпанија (12)

За да се искористи максимално погледот на море но и на историскиот парк Переда, кој од неодамна е обновен и проширен од страна на пејзажниот архитект Фернандо Карунчо, зградата има прозорци од подот до плафонот. Centro Botin располага со 2500 квадрати изложбен простор, аудиториум од 300 места, училници, работилници, два ресторани, продавница и кровна тераса. Галериите се сместени во поголемиот волумен на двата ката, а во помалата структура се наоѓаат образовните простории.ренцо пиано музеј во шпанија (11)

Музејот ќе биде отворен на 23 јуни годинава, со три изложби. Првата ќе биде посветена на Carsten Höller, втората на цртежи од Гоја, а третата ќе биде од постојаната поставка на фондацијата „Ботин“.ренцо пиано музеј во шпанија (10) ренцо пиано музеј во шпанија (9) ренцо пиано музеј во шпанија (8) ренцо пиано музеј во шпанија (7) ренцо пиано музеј во шпанија (6) ренцо пиано музеј во шпанија (4) ренцо пиано музеј во шпанија (2) ренцо пиано музеј во шпанија (1)

 

Испрати коментар

Scroll To Top