Можеби во вашиот дом веќе имате дрво бонсаи, но што ќе кажете за дрво што левитира, и што ротира околу својата оска?
На јапонскиот остров Кјушу, локалните дизајнери креирале деликатен проект наречен Air bonsai – Little star, кој му пркоси на гравитацијата. Всушност, за разлика од традиционалните бонсаи, овие лебдат над порцеланските база и ротираат околу своите оски!
Монентално овој необичен проект на сајтот Kickstarter собира парични средства за да продолжи да се развива, па ако ви се допаѓа идејата можете и вие да ја подржите.
Системот е всушност базиран на магнет, кој растението го одбива од базата, но, воедно и го држи во своето поле, пишува Designboom.
Little star е достапен во две варијанти. И во двете варијанти, базата е од порцелан и е направена рачно. Исто така, можно е да се избера меѓу многу видови на бонсаи.
Идејата на дизајнерите била да се спои старото со ново, како и природата со уметнички креации. Тие го комбинираат знаењето за древната јапонска вештина за бонсаи со модерната технологија за да се добие овој необичен производ.