Насловна / Арт и дизајн / Пловечка шума во Ротердам

Пловечка шума во Ротердам

Plovecka suma vo Roterdam

Повеќепати досега објавувавме интересни написи за одржливите практики на Ротердам, особено во однос на јавниот транспорт и извонредните услови за велосипедистите. Овој пат се оди чекор понапред во настојувањата за обезбедување повеќе зеленило, дури и на места каде пошумувањето се чини невозможно.

Plovecka suma vo Roterdam2

Ротердам наскоро ќе ја добие својата прва лебдечка био шума. Станува збор за „колекција“ од  дваесетина дрвја кои ќе пловат во пристаништето во Rijnhaven.

Plovecka suma vo Roterdam1

Тргнувајќи од желбата и потребата за „позелени“, група холандски дизајнери и претприемачи од Mothership одлучиле да ја спровадат идејата да постават дрвја на потешко достапни места.

Plovecka suma vo Roterdam3

Всушност, целата инспирација произлегува од делото на Jorge Bakker ‘In Search of Habitus‘, кое се состои од аквариум полн со пловки на кои растат дрвја. После низата експерименти, донесена е одлука со која на 16 март 2016-та ќе почне засадувањето на дрвјата. Реализирањето на овој проект ќе го направи Ротердам „позелен“ град.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top