На секој светски настан посветен на дизајн и ентериери, се појавува некое решение за коешто сите „полудуваат“. Јасен показател за ова е секако Instagram – социјалната мрежа, каде што секој тековен феномен се забележува.
Така беше и на овогодишната Миланска недела на дизајн (Salone del Mobile), а фотографијата што веројатно многумина ја забележале е розов пинк со име Le Refuge. Се работи за необичен, но многу ефективен кревет, чиј душек е поставен на дебела дрвена површина, а акцент кој го прави толку атрактивен се розовите лиснати стебла издигнати над креветот, што прават заштита на креветот да биде во сенка.
Во прашање е дизајн на Маrc Ange.
„Le Refuge е место на коешто се сретнуваат комфорот и мирот. Тоа е проект кој реферира на детството. Неговите големи листови се заштита од сонце, но исто така и од реалноста, исто како и оние што ги наоѓаме во џунглата, а какви често растат во детската имагинација“, изјави дизајнерот.