Скромниот комплекс во кинескиот град Ѓингдао, наречен “Yichang Meijing”, што значи преубав поглед, тешко дека на жителите ќе им пружи такво задоволство. Причината за тоа, според пишувањето на порталот architectureadmirers.com, лежи во необичните архитектонски решенија кои не се забележливи на прв поглед. Но, доколку набљудувачот се приближи кон зградите ќе сфати дека дел од прозорците на фасадите се нацртани!
Освен фактот што создаваат оптичка илузија и од поголема оддалеченост изгледаат како вистински, овие „прозорци“ немаат никаква функција. Ако е за утеха, и покрај „дефектот во врска со прозорците“, становите во комплексот се многу убави и имаат одличен распоред на просториите со максимално добро искористен простор.