И покрај тоа што за зборовите „половина лажичка“ или „две лажици“ не се поставени стандарди, тие се користат насекаде, од книги за рецепти, до видеа со приготвување храна, но проблемот со различни големини останува. Не секој поседува исти мерни лажици, па дури и ако извлечете две различни лажици од вашата фиока во кујната, тие веројатно не се со иста форма и големина.
Визуелните мерни лажички дизајнирани од Pam Daniels & Brandon Williams од Welcome Industries смислени се за брзо и ефикасно да ви помагнат да ги „визуелизирате“ количините. Обликувани се така за да можете на прв поглед да сфатите која лажица што и колку мери. Лажицата е во форма на квадрат, за да изгледа како маса. Лажичката е малку помала и е кружна, полу лажичката е полукружна за да покаже дека е половина од целиот круг, а четвртата лажичка е во форма на четврт круг.
Само со интуитивно гледање во секоја лажица, веднаш сфаќате за што служи, помагајќи ви поефикасно да мерите и готвите. Не треба да ги извршувате мерењата од око додека готвите, а не треба ни да ја вадите вагата за мерење за да ги измерите состојките во грамови. Правејќи го процесот „визуелен“, лажиците се лесни за идентификување.
„Луѓето побрзо разбираат со гледање, отколку со читање“, велат дизајнерите. „Така што преведувањето на „половина лажичка“ во визуелно е многу полесно кога лажицата буквално изгледа како „половина лажица“, додаваат. За уште појасно, испишано е и вистинското мерење на лажицата, што ја прави апсолутно сигурна. Лажиците се обликувани од во проѕирна пластика, лесно се чистат, а нивните форми се дизајнирани да можат да влегуваат една во друга за полесно складирање.