Насловна / Вести / „Лавица“ ќе се најде на фонтаната на Плоштад ВМРО

„Лавица“ ќе се најде на фонтаната на Плоштад ВМРО

lavica

Спомен-обележјето фонтана на Плоштад ВМРО да се подигне по идејниот проект на Елена Дуковска од Скопје чиј труд на Конкурсот е прворангиран, се предлага во извештајот на Одоборот за подигање спомен-обележје на фонтаната на Плоштад ВМРО, кој на усвојување пред градските советници се најде на седница.

На конкурсот пристигнале три трудови. По поеднинечното оценување на секој труд, Одборот одлучил првата награда од 50.000 денари да му припадне на трудот со шифра „Лавица“ од авторот Дуковска.

– Трудот преку своето пластично и релјефно обликување го привлекува вниманието на гледачот, воедно најсоодветно ги истакнува историските белези на Внатрешната македонска револуционерна организација, истакнувајќи се со одлични композициски партии кои се соодветно организирани и претставени на релјефното обликување. Вкупниот скулпторски набој придонесува за длабоко дожувување на решението, – велат од Одборот.

Втората награда од 30 илјади денари му припадна на конкурсниот труд со шифра „190951“ од авторот Ангел Нацевски, исто така од Скопје. Третата награда од 15 илјади денари со шифра „Михаела“ му припадна на авторот Синиша Манич од Скопје.

Уредувањето на овој плоштад ќе чини 1,3 милиони евра, пари кои ќе се издвојат од буџетот на Град Скопје, а за градежните работи ќе биде ангажирана фирмата „Урбан инвест“.

Испрати коментар

Scroll To Top