Добитникот на Прицкеровата награда за архитектура за оваа година, или популарно наречената Нобелова награда за архитектура (с оглед на нејзиното значење), ќе биде објавен на 7-ми март 2018. На листата на досегашните добитници на оваа престижна награда се наоѓа ростер на најистакнатите и највлијателни архитектонски имиња, меѓу кои Заха Хадид, Алесандро Аравена, Филип Џонсон, и други. (целата листа на линкот: https://www.pritzkerprize.com/laureates). Во декември, читателите на Archdaily.com се замолени да типуваат за победникот 2018. Гласањето и натаму продолжува на следниот линк: https://www.archdaily.com/885063/who-should-win-the-2018-pritzker-prize. Досега има над 3500 читатели кои го прогнозирале победникот.