Las Boas на Ибица, импресивен станбен комплекс со потпис на славниот архитект Жан Нувел кој во соработка со брендот Diablo уште еднаш ги надмина очекувањата.
Станбениот комплекс Las Boas на шпанскиот остров, кој со децении е синоним за возбудлив медитерански хедонизам по вкусот на младите, претставува импресивна, единствена станбена целина проектирана од Жан Нувел. Вклучува две згради со неконвенционална структура, како платно прекриено со бои на виножитото, што остава силен впечаток во контакт со дневната светлина и во комбинација со вечерното осветлување. Природната убавина на Ибица, Нувел успешно ја прави дел од своето архитектонско решение. Целта е остварена, да се создаде станбен комплекс како да е излезен од сон.
Еден од најценетите архитекти, кој, меѓу другото, е добитник на наградата Прицкер, наградата Ага Кан за архитектура, RIBA Кралскиот златен медал и многу други признанија, го создаде овој комплекс во соработка со Ribas&Ribas, архитектонско биро од Барселона.
Нувел е автор на над двесте проекти во неговата долга и импресивна кариера, а многу од објектите на кои работел заземаат важни места во историјата на архитектурата. Почнувајќи од зградата на Филхармонијата во Париз, Арапскиот институт, облакодерот Torre Agbar во Барселона, Концертната сала во Копенхаген, кулата Доха во Катар до Лувр во Абу Даби и Кулата 25 во Никозија. Затоа се на што е ангажиран е следено со големо внимание, без разлика дали се работи за установи со посебна намена или станбена зграда.
Жан Нувел го опиша Las Boas како комплекс кој создава впечаток на живот на личен остров, бидејќи водата тече слободно меѓу зградите, создавајќи динамика слична на креациите на природата.
Базенот на овој комплекс е еден од најголемите во Европа и наликува на езеро. За почеток, Las се наоѓа на одлична локација со поглед на вилата Dalt, дел од светското наследство на УНЕСКО. Гледано однадвор, прво што се забележува се живите бои, асоцијацијата на „долче вита“ карактеристична за Ибица, а потоа и органските линии и форми. Тие не се случајно избрани. Преку движењето на брановидни структури, Нувел сакал да ја нагласи и традиционалната и модерната страна на островот, и во големото финале, сето тоа да го комбинира со убавината на природата и возбудливиот животен стил.
Бидејќи од аспект на екстериерот и целокупниот впечаток, базенот на комплексот игра многу важна улога, соработката со шпанскиот бренд Diablo се наметна како логично и ефективно решение за истакнување на архитектонскиот концепт. Она што ги прави базените од секаков вид забавни и возбудливи, Diablo го реинтерпретира со голем успех преку своите инспиративни колекции.
Колекцијата 356, која е избрана за Las Boas, изработена е од 100 отсто полиетилен што може да се рециклира, а овие разновидни и лесни парчиња што не можат да потонат се дизајнирани од Хозе А. Гандиа и Пабло Џиронезе.
Зошто 356? Бидејќи дизајнот на овие извонредни outdoor парчиња е инспириран од познатиот модел на Porsche со оваа нумеричка ознака. Porsche 356 е дизајниран во 1950. година и предизвикал големо внимание во јавноста. Ретро шикот на овие парчиња, со кои лесно се манипулира во согласност со потребите, сосема е недвосмислен. Одредени целини на комплексот Las Boas навистина потсетуваат на сценографијата од филмовите од златната ера на Холивуд.
Лежалките и фотелјите, без ништо вишок, оставаат силен впечаток со нивните аеродинамични линии во бела боја, еден од симболите на Ибица.