Насловна / Арт и дизајн / L’Arc de Triomphe во Париз како уметничка инсталција обвиткана во сино-црвена ткаенина

L’Arc de Triomphe во Париз како уметничка инсталција обвиткана во сино-црвена ткаенина

L’Arc de Triomphe, Empaquete, привременото уметничко дело во Париз, ќе може да се види 16 дена, од 18-ти септември до 3-ти октомври 2021 година. Проектот ќе биде реализиран во партнерство со Centre des Monuments Nationaux и во координација со Град Париз. Има поддршка и од Centre Pompidou. Триумфалната капија ќе биде обвиткана со 25.000 квадратни метри полипропиленски материјал кој може да се рециклира, со сребрено сина боја, како и 3000 метри црвени јажиња.

triumfalna1

triumfalna2

Во 1961 година, откако се сретнале во Париз, уметниците Christo Vladimirov Javacheff (1935–2020) и Jeanne-Claude Denat de Guillebon (1935–2009), започнале да креираат уметност на јавни простори. Еден од нивните проекти бил обвиткување на јавни згради. Кога стигнал во Париз, Christo изнајмил мала соба вo близина на Триумфалната капија, и уште оттогаш тој бил силно фасциниран од овој споменик. Во 1962 година, тој направил фотомонтажа на обвиткана Триумфална капија, а речиси 60 години подоцна проектот конечно ќе биде конкретизиран.  Имено, тој во целост се базира на оригиналните цртежи, скици и колажи.  Родени на ист ден во Бугарија односно Мароко, овој уметнички пар отсекогаш истакнувал дека сака нивната уметност да покаже континуитет и по нивната смрт. Согласно желбата на Christo, L’Arc de Triomphe, Empaquete се подготвува од страна на неговиот тим.

triumfalna3

triumfalna4

Испрати коментар

Scroll To Top