Насловна / Архитектура / L’Arbre Blanc: Необична зграда со акцентирани тераси

L’Arbre Blanc: Необична зграда со акцентирани тераси

Кулата L’Arbre Blanc во Монпелје која личи на дрво со разгранети листови или на бодликаво чудовиште, е зграда со мешовита намена од 17 ката, во рамките на која се наоѓаат 113 станови со нагласени плочести балкони. Покрај становите, во  зградата има и јавно достапни содржини на приземјето и на покривот. Проектот е дело на  Sou Fujimoto заедно со  Nicolas Laisné, Dimitri Roussel и компанијата OXO Architectes.

larbre1

larbre2

Формата на објектот повикува на интеракција и ги охрабрува станарите да го прифатат отворениот простор. Големиот број тераси го промовира животот на отворено и овозможува комуникација помешу станарите.

L’Arbre Blanc во превод значи „бело дрво“, и претставува победничко решение на конкурсот Folie Richter распишан од страна на Град Монпелје. Градот барал „модерна и необична градба“ која ќе го збогати градското архитектонско наследство.

larbre3

larbre4

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top