Насловна / Арт и дизајн / Лансирана најнова дизајнерска колекција Berluti Objects

Лансирана најнова дизајнерска колекција Berluti Objects

Жан Кокто, Енди Ворхол, Брајан Фери – избрани клиенти на брендот Berluti, воедно се луѓе со интересната естетика на дваесеттиот век.

Сега, овој париски бренд за обувки им ја позајмува својата величествена кожа токму на највеличествените дизајнери на 20 век, но овојпат, не претставува чевли. Најновата колекција Berluti Objects, лансирана на 15. ноември, претставува линија на ограничени изданија за домот и канцеларија, а ја потпишуваат великани како Carl Auböck II, Gae Aulenti и Tobia Scarpa.

3_resize

Kris Van Assche, креативниот директор на брендот, ангажирал неколку историски имиња за да ги креираат своите класични дизајни, користејќи не толку класични материјали. Кожата Berluti vintage Venezia е уметничко дело, само по себе – избрана е поради својата способност да ја задржува бојата, масирана е со масла за да од нејзе се создаде идеално платно, а потоа се третира со боја за да се постигне богат chiaroscuro ефект.

8_resize

Работилницата на Auböck ги инкорпорирала тие материјали во месингани аксесоари за работна маса, креирајќи и нож за отварање писма.

Во својата работилница Aulenti создал величествени послужавници и рамки за слики, додека Scarpa креирал тањири, пунктирајќи скапоцени метали со акценти во боја.

4_resize

2_resize

Живописната палета користена за создавање на оваа колекција е инспирирана од авантурата на Kris Van Assche по Индија, која го однела до оригиналниот Jeanneret мебел, кој е претставен на минатогодишниот Design Miami. И додека овие парчиња се распродадени како алва, претпоставката е дека оваа колекција, исполнета со канонски дела, ќе ја има истата судбина.

1_resize 6_resize

Испрати коментар

Scroll To Top