Руската вселенска агенција „Роскосмос“ го лансираше првиот сателит чија главна задача ќе биде да ги следи климатските промени и временските прилики на Арктикот.
Според изјавата на „Роскосмос“, ракетата „Сојуз 2.1б“, која го носи сателитот „Арктик-М“, е лансирана од космодромот во Бајконор, Казахстан.
Според шефот на вселенската агенција Дмитриј Рогозин, лансирањето на ракетата поминало без поголеми проблеми, но временските услови во Казахстан претставуваат голема опасност.
Сателитот Арктик-М ќе собере метеоролошки податоци од Северниот пол, што ќе помогне да се направи поточна временска прогноза, како и проучување на временските услови во областа, што загрижи многу светски научници поради ненадејното топење на мразот последните неколку години.
Покрај фактот дека сателитот ќе ја набудува областа на Арктикот, односно Арктичкиот океан, од „Роскосмос“ додаваат дека „Арктик-М“ ќе ги следи временските услови во другите делови на Земјата.
Сателитот ќе има високо елиптична орбита што минува високо над северните географски широчини, што ќе му овозможи да ги следи северните региони подолг период пред да помине на другата страна.
Според вселенската агенција, сателитот ќе може да следи и да снима слики на Арктикот на секои 15 до 30 минути, што сателитите што кружат околу Земјиниот екватор не можат постојано да ги следат.
Од „Роскосмос“ исто така велат дека сателитот ќе може да пренесува повици за помош од бродови, авиони или луѓе во оддалечени области во рамките на меѓународната програма за спасување на сателити „Cospas-Sarsat“, пренесува РТС.
Сепак, „Роскосмос“ додава дека ќе биде потребен уште еден сателит за ефективно следење на секојдневните временски услови на Земјата. Лансирањето на вториот сателит „Арктик-М“,според „Роскосмос“, е планирано за 2023 година.
Арктичкиот регион е една од најважните економски области за Русија, имајќи предвид дека тука има и огромни резерви на нафта и гас.