Сателитот кој го развиваа Кина и Франција, најмоќен досега за истражување на најдалечните експлозии на ѕвездите, веќе е лансиран во орбитата. Лансирањето е извршено од центарот Ксичанг во северозападната покраина Сечуан, и ќе има важна улога во астрономските истражувања, тврди Кинеската национална вселенска агенција. Станува збор за првиот астрономски сателит кој заедно го развиле Франција и Кина, иако претходно имаат заеднички развиено океанографски сателит кој е лансиран во 2018 година.
Напредокот на Кина во вселенските истражувања рапидно го надминува оној на САД, а притоа привлекува партнери од европските и азиски земји за заеднички истражувања. Во развој на нови сателити, Кина во моментот соработува и со Бразил, Египет и Тајланд.