Иако сите ние се надеваме дека овој комплет за нивна заштита од природни катастрофи никогаш нема да ни треба, сепак не е лошо да го имате во ваша непосредна близина.
Бидејќи луѓето од Јапонија често пати се соочуваат со земјотреси, кои понекогаш може да се случат и до 2000 пати во текот на една година, јапонските дизајнери осмислиле како заштитната опрема како што се шлемови и батериски ламби, да им бидат на дофат на луѓето во случај на нужност.
Тимот, кој се состои од компаниите J. Walter Thompson i Tanizawa Seisakusho, инаку лидери во производството на заштитни шлемови, креирале повеќенаменски производ наречен + MET.
Нивната цел била да се извадат заштитните шлемови од остави и плакари, каде што обично стојат, и своето место да го најдат во дневните, спалните соби или канцеларии, како дел од декорот со што би можело да спасат многу глави за време на земјотреси, пишува Contemporist.
Oваа идеја резултирала во финален производ + MET, кој може да послужи како ламба, саксија, но ако се појави потреба, да се расклопи во делови кои потоа стануваат шлем и преносна батериска ламба.
Се разбира, со цел подобро да се вклопат во просторот, + MET постои во неколку бои.
Ламбата изгледа многу едноставно и практично може да се користи во канцелариите.