Ако сте пропуштиле наесен да засадите лалиња, не е доцна да го направите тоа сега.
Лалињата се едни од најубавите пролетни цвеќиња. Ако ги засадите сега, ќе уживате во нивната убавина до есен.
Иако лалињата се луковици кои обично се садат наесен и цветаат на пролет, ова растение всушност може да се засади во рана пролет кога ќе помине опасноста од мраз.
За успешно цветање и шарена градина, најважно е луковицита на лалиња да бидат добри. Пожелно е да се изберат цврсти и тркалезни примероци.
Лалињата сакаат светлина, но им одговара делумна блага ладовина. Не претерувајте со наводнување, бидејќи луковиците ќе изгнијат.
Луковиците не поднесуваат прекумерно ѓубрење, особено не стајско ѓубриво бидејќи може да предизвика оштетување, односно пренос на фитопатолошки заболувања на самата луковица, што подоцна ќе го наруши цветањето и лисната маса.
Почвата треба да биде добро прекопана, а бидејќи лалињата не сакаат влажна почва, препорачливо е да се додаде малку песок или чакал во дупките. Ако ги садите како цвеќиња во саксии, прво ставете чакал на дното на садот, а потоа додадете земја.
Лалињата се садат на длабочина два или три пати поголема од висината на луковиците. Ако ги засадите во градинарска почва, внимавајте на растојанието – тие треба да бидат засадени на околу 10 сантиметри едни од други.
За да имате што подолго лалиња во дворот, тоа може да се постигнеме со садење на видови кои се разликуваат едни од други по времето на цветање.