Насловна / Вести / Лагос, градот со пораст на бројот на жители за 100 пати во само две генерации

Лагос, градот со пораст на бројот на жители за 100 пати во само две генерации

Во само две генерации, Лагос во Нигерија, бележи раст на своите жители за 100 пати, од околу 200.000 на речиси 20 милиони луѓе. Картата на улиците на Лагос од 1960 година покажува мал крајбрежен град во западен стил опкружен со неколку типични африкански села. Никој не можел да превдиви што ќе се случи за половина век. Денес тој е еден од десетте најголеми градови на светот, а се простира на речиси 1000 квадратни километри. За споредба, Њујорк своите речиси 9 милиони жители ги сместува ан површина помала од 800 квадратни километри. Градот главно е хаотичен и во него владее сиромаштија. Мнозинството од населението живее во диви населби кои не се поврзани на водовод и канализација, а улиците се загушени од сообраќај. Поради тоа, квалитетот ан воздухот е исклучително лош, а главната депоннија која е вон сите стандарди, покрива 40 хектари и прима 10.000 тони отпад дневно.

lagos1

lagos2

Демографите прогнозираат дека на Лагос му претстои уште поголема населеност. Се смета дека до 2100 година, овде ќе живеат повеќе луѓе отколку што денес живеат во Калифорнија или Британија и дека ќе се протега со стотици километри, со огромни негативни влијанија врз животната средина и најверојатно и натаму со низок квалитет на живот. Но, иако по сите параметри Лагос забрзано чекори кон сериозна хуманитарна криза, тоа е сепак град кој со своите атракции и содржини привлекува голем број туристи од целиот свет.

lagos3

lagos4

 

Испрати коментар

Scroll To Top