Руската компанија за автомобили „Лада“, на неоданешниот Саем за автомобили во Москва, г претстави својот нов теренец Lada 4×4 Vision, кој е комбинација на модерна технологија и модерен изглед со ретро обликот на својот претходник „Лада Нива“. Иако компанијата претстави повеќе нови автомобили на овој настан, сепак Vision привлече убедливо најголемо внимание и кај посетителите и кај медиумите. Модерниот надворешен изглед е надополнет со прекрасен и удобен енетериер со впечатлива комбинација на бои.
Некогаш иновативниот концепт на „Лада Нива“ за независен преден погон, подоцна го применуваат речиси сите теренци. Возилото имаше исклучителна популарност не само во СССР туку и во источноевропските земји, како и во Велика Британија, поради достапноста во поглед на неговата цена, едноставното одржување, но за жал и репутација на прилично недоверливо возило. Во последните неколку години компанијата „Лада“ има учество од 20% на пазарот во Русија, но новиот теренец е одлична шанса за поголем пробив на домашниот но и на странските пазари.