Насловна / Архитектура / Лабораторија за архитектура – „Бофил во Калпе“

Лабораторија за архитектура – „Бофил во Калпе“

Студиото Рокамора дизајн и архитектура (Rocamora Diseño y Arquitectura) е авторот на изложбата за проектот „Лабораторија за архитектура: Бофил во Калпе“. Оваа изложба ја истражува интимната и инспиративна врска помеѓу архитектот Рикардо Бофил и градот Калпе, во Аликанте.

2

1

Изложбата, која ќе биде отворена за јавноста до 30 септември,  опфаќа различни дела од професионалниот опус на архитектот со проектот Ла Манзанера како експериментален простор кој ја отсликува неговата архитектонска визија и од кој настана едно од неговите најпрепознатливи дела, како на пример иконичниот „Црвен ѕид“.

9

10

8

Изложбата „Лабораторија за архитектура: Бофил во Калпе“ („Laboratory of Architecture: Bofill in Calpe“), е работена во соработка со архитектонското студио Рикардо Бофил, Ricardo Bofill Taller de Arquitectura Archive (RBTA Archive), без која не би било можно да се навлезе во биографијата, историскиот контекст и градителското наследство што Рикардо Бофил го оставил зад себе.

7

5

Оваа изложба се наоѓа во галеријата лоцирана во културниот дом Хаиме Пастор и Флуикса Jaume (Pastor i Fluixà), во Калпе и е овозможена благодарение на Градскиот совет на Калпе и кураторот Алберто Менгвал Муњоз.

15

Испрати коментар

Scroll To Top