Дизајниран според проект на архитектите Шигеру Бан и Жан де Гастињ, во Париз неодамна е отворена сала за одржување на музички и културни настани, кои притоа ја промовираат екологијата и одржливоста. Имено, нејзината сферична структура ја опкружува мобилно едро од соларни панели што ја следат позицијата на Сонцето и производуваат електрична енергија потребна за функционирање на центарот La Seine Musicale.
На прв поглед, стаклената фасада на центарот делува како откажување на Шигеру Бан од дрвените конструкции по коишто стана познат. Сепак, дрвото е основа на овој објект и од него е направена целокупната лушпеста структура.
Всушност, шестоаголници од ламелирано дрво ја креираат матрицата на конструкцијата, која малку наликува на кошница.
Околу сферичната конструкција кружи триаголна структура налик на едро кое се движи заедно со Сонцето. Фотоволтаичните панели закачени на едрото произведуваат струја, која ги опфаќа повеќето од енергетските потреби на оваа културна институција.
La Seine Musicale е изградена во париската област Булоњ-Бијанкур, чиј просторен план го зацртал Жан Нувел.
Мултифункционалниот културен центар има голема концертна сала со 4.000 седишта, помала сала за изведување на класична музика со 1.150 седишта, а тука се и просториите за проби, снимање, како и бројни придружни содржини неопходни за функционирање на уметниците и изведувачите.
Lа Seine Musicale е отворен во мај оваа година.