Насловна / Вести / „La Mystérique (патот кон милостa)“

„La Mystérique (патот кон милостa)“

hristina ivanovska
Вечерва, со почеток во 20 часот во галеријата СИА (Serious Interests Agency) во Скопје, уметницата Христина Иваноска ја отвора својата самостојна изложба насловена „La Mystérique (патот кон милостa)“. Христина Иваноска и културниот теоретичар Искра Гешоска ќе иницираат разговор за време на отворањето на изложбата.

Изложбата ги прикажува нaјновите дела на Иваноска работени во различни медиуми, а инспирирани од списите на Симон Веил (Simone Weil), француски филозоф од еврејско потекло, христијански мистик и политичка активистка, и Лис Иригаре (Luce Irigaray), француска феминистка и филозоф.

Испрати коментар

Scroll To Top