Кувајтските инвеститори и претставници на фирмата „Ал дар нешенел риал естејт“ покажаа интерес за инфраструктурни проекти во Босна и Херцеговина. Тие се заинтересирани за изградба на автопатишта, брзи патишта, железница и аеродром, а би инвестирале во БиХ ако деловниот амбиент би бил поповолен и поедноставен.