Насловна / Вести / Кувајт гради нов мост – мегаинфраструктурен проект долж „Патот на свилата“

Кувајт гради нов мост – мегаинфраструктурен проект долж „Патот на свилата“

Most vo Kuvajt na patot n svilata1

Кувајт започна со изградба на голем мост долг 35 километри, во обид да го ревитализира „Патот на свилата“ помеѓу Азија и Европа. Мостот, кој ќе добие име по починатиот емир Џабер ел Ахмад ел Сабах, ќе ги поврзува главниот град на Кувајт со подрачјето на северот на замјата, близу копнената и морска граница со Ирак и Иран.

Most vo Kuvajt na patot na svilata

Кувајт планира да има „Град на свилата“ (Silk City), зона на слободна трговија помеѓу Централна Азија и Европа. Проектот започнат во 2015 година вреди околу 95 милијарди евра. Таа зона ќе може да има околу 700 000 жители до 2030 година. Планирана е и изградба на облакодер со височина од 1001 метар.

Most vo Kuvajt na patot na svilata2

Патот на свилата е назив за мрежа од каравански патишта чија главна цел била поврзување на Средоземјето со Источна Азија. Ова име за првпат го употребил Фердинанд фон Рихтхофен, Германец кој живеел во 19 век, но познато е дека уште Византијците користеле слично име.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top