„Кутија која дише“ е павилјон изграден за Festival Des Architectures Vives 2014 во Франција. Спроти хоризонтот на морето, серија на рефлективни панели поставени меѓу главниот ѕид на структурата не само што одговараат на движењето на брановите, но исто така ја трансформираат и водата низ своите атрибути.
Рекомпонираните огледала поддржани од редовите на хоризонтални шипки почнуваат да се деформираат како што комуницираат со природните елемeнти и сетила. Ветрот ги повлекува треперливите модули, обезбедувајќи двојност меѓу визуелното доживување и одразот на брановите.
Ова им овозможува физичко и визуелно набљудување на посетителите на животната средина околу себе како дел од нив самите. Тие имаат способност да ги допрат и летвите на пријатната натстрешница која игра со светлината и сенките, но и налетот на воздух како вител од звуци и мириси од брегот. Оваа инсталација обезбедува непосредност и променливо искуство што креира шаренолик мозаик од живопсиниот предел на La Grande Motte.