Насловна / Архитектура / Кутии за накит, проект за ревитализација

Кутии за накит, проект за ревитализација

00-Jewel-Box-Fraher

Повикот на конкурсот бил поврзан со реновирање и екстензија меѓу постоечка структура. Програмата предвидува место за јадење или некој вид на соба во градината. Токму Fraher Architects интервенирале во овој објект кој се наоѓа во познатата област за конзервација – низата  Colebrookе во Лондон.

Замислен како серија на кутии за накит внимателно вметнати во постоечкото ткаење, со овој предлог се отвара и ревитализира она што претставувало темно и напуштено место. Дрвото и бетонот се искомбинирани во едноставна палета на материјали кои се простираат меѓу постоечкото ткаење, поведувајќи ги корисниците низ просторот во дворот.

Кровот од диво цвеќе  креира богат биолошки диверзитет за локалните пчели и пеперутки. Трската е диво растение кое содржи микс од седум бои и прави да остане бојата на кровот во текот на целата година. Дождовната вода се собира под градината во резервоар од 2.000 литри, и го полни системот за наводнување што е наменет за градината и кровот.

06-Jewel-Box-Fraher 05-Jewel-Box-Fraher 04-Jewel-Box-Fraher 03-Jewel-Box-Fraher 02-Jewel-Box-Fraher 01-Jewel-Box-Fraher 07-Jewel-Box-Fraher

Испрати коментар

Scroll To Top