Французинот Alexix Lamoureux заедно со својата девојка дошол на идеја да ја искористи и обнови пештерата која долго била во сопственост на неговата тетка, но била целосно неискористена. Пештерата е ставена на аукција, и бидејќи немало зантересирани, овој пар успеал да ја купи за само едно евро. Оваа пештерска куќа наречена Chez Hélène се наоѓа во француската општина Амбоаз во која некогаш живеел и Леонардо да Винчи.
Во оваа област може да се сретнат голем број пештери бидејќи во текот на 11-тиот век имало интензивни рударски активности. Напуштените ископи мештаните подоцна ги адаптирале и претворале во живеалишта. Реновирањето на Chez Hélène траело четири години и чинело 35.000 евра. Денес сопствениците живеат во еден еднособен апартман, додека другите простории се резервирани за туристи. Ентериерот е уреден со многу вкус, зачинет со француски шарм и рустикалност.