Дваесет и две години по реализацијата на изложбениот простор во својот роден град, архитектонското студио OMA се враќа со идеја за подобрување на енергетската ефикасност на објектот, разработка на трасите на циркулација и имплементација на нови безбедносни мерки.
Реновирањето на објектот ги демонстрира можностите за осовременување на структурата, истовремено одржувајќи го оригиналниот концепт на изложбениот простор како функционална „машина“.
Обновата вклучува и адиција на дополнителен влез, кој обезбедува независни пристапи кон аудиториумот и галеријата.
Постоечката рецепција, ресторанот и трговските содржини се интегрирани во главната траса на објектот, со што би се оспособила можноста објектот да еволуира заедно со растечките потреби за економска независност на културните институции.
Изведен во 1992 година, објектот Kunsthal претставува еден од првите главни проекти на Rem Koolhaas, препознатлив по флексибилноста на своите изложбени партиции.