На први август во употреба ќе бидат пуштени отворениот и затворениот Градски базен во Куманово.
Објектот ќе служи за професионални спортски натпревари, за пливачките клубови, ватерполо клубовите и за рекреација за граѓаните. Отворениот базен, исто така ќе, биде на услуга на граѓаните на Куманово, некаде околу 200 луѓе ќе може да бидат во отворениот базен.
Во рамките на самиот затворен базен ќе има комерцијален, односно хотелски комплекс, ресторан, продавница за спортска опрема, кафулиња…
Билетот за отворениот базен за возрасни ќе изнесува 150 денари, но за дечиња до 7 години влезот ќе биде бесплатен, додека пак за оние од 7 до 14 години ќе чини 75 денари.