![]() Еднодневен велосипедски настан на 14 септември ќе ги прошета велосипедистите од земјава и странство, покажувајќи им ги убавините на Прилепското поле но и културното наследство во него. Станува збор за спора велосипедска тура која има за цел да ги образува учесниците за културното наследство и да го промовира Прилепското поле како место за возење велосипед. ![]() ![]() Овој настан како образовна и спора велосипедска тура се организира за прв пат. Организаторите се надеваат дека ќе премине во традиционален настан и дека ќе расте. Организаторите веќе имаат и најава на учесници од Бугарија и Косово. Настанот е организиран од Здружение на граѓани Одржливи иницијативи – Скопје во соработка со Велосипедски клуб Илинден – Прилеп, а поддржан од Министерство за култура, Агенција за промоција и поддршка на туризмот, општина Долнени, општина Кривогаштани, општина Прилеп, Музеј Прилеп, Фурна Алекс, Сабокс Трејд, СС Система, Стефано 97, Нова Македонија и Винарија Брзанов.
|
За понатамошни информации, Ве молиме контактирајте ги:Бојан Ранташа (Одржливи Иницијативи – Скопје), [email protected], 070-876353 Драган Димитријоски (ВК Илинден – Прилеп), [email protected], 075-526426 |