Насловна / Арт и дизајн / Културниот центар „Гаража“ во Москва ќе се пресели во нова зграда

Културниот центар „Гаража“ во Москва ќе се пресели во нова зграда

garage5

Даша Жукова, сопругата на Роман Абрамович и основач на Центарот за современа уметност „Гаража“ во Москва, заедно со архитектот Рем Колхас неодамна го претставија проектот за реконструкција на новиот павилјон во кој треба наскоро да се пресели културниот центар „Гаража“.garage7

Во само неколку години од своето постоење, „Гаража“ со својата големина ги надмина границите на првобитното здание на гаражата во која оваа уметничка платформа била сместена, и сега има потреба од цел павилјон. За таа цел е избран напуштен ресторан од советската ера наречен „Годишни времиња“, кој веќе 20 години е напуштен и чека нова шанса. Таа пристигна во личноста на Даша Жукова, колекционерка и уметничка мецена, и големиот архитект Рем Колхас. Колхас раководи со реконструкцијата на објектот од 1968 година, во кој во 2015 година треба да се всели овој веќе полноправен музеј на современа уметност.garage8

Своето преселување, Даша и „Гаража“ планираат да го прослават со пет исклучителни изложби, а првата ќе биде прва голема руска ретроспектива на славната скулпторка Луиз Буржоа. Оригиналната советска структура и ѕидниот мурал остануваат непроменети, со цел да се зачува историското значење на зградата. Зградата на два ката во себе ќе содржи пет изложбени галерии, аудиториуми за предавања, медијатека, детски центар, кино, кафуле и книжарница.garage6 garage1

 

Испрати коментар

Scroll To Top