Насловна / Архитектура / Културен центар опкружен со огромна скулпторска метална лента

Културен центар опкружен со огромна скулпторска метална лента

Сужоу, град на околу 100 километри од Шангај, стана побогат за културен центар, кој зафаќа 215 илјади квадратни метри. Зградата, дизајнирана од францускиот архитект Кристијан де Портзампарк, завршена е кон крајот на минатата година. Изградбата на овој објект е дел од поголем проект за градот кој вклучува реконструкција и ревитализација на крајбрежните области во рамките на заливот. Центарот се наоѓа на истакна локација на брегот на езерото Таи, од каде има зачудувачки поглед. Сместено е на местото каде што се сечат шеталиштата и езерото.

objekt

Центарот е поделен на две „крилја“, односно делови – југ и север, кои се поврзани со скулпторски форми во форма на метална лента. Во рамките на првиот дел од јужната страна има музеи, изложбени простории и конгресен центар, додека во северниот дел има опера со 1.600 места, музичко училиште и кино сала. Овие две „крилја“ ги поврзува возвишената патека која се наоѓа на висина од 40 метри, од каде што може да се набљудува градот.

objekt1

Современата форма на овој културен центар дава атрактивен изглед на бреговите на езерото создавајќи нов пејзаж што ги поврзува водата, небото и архитектурата преку игра на рефлексии во боите на виножитото. Металната лента изработена од челик и алуминиум се протега во должина од 500 метри и дава белешка за поврзаност, мистерија и модерност. Како што објаснува архитектот Де Портзампарк, „крилјата“ поврзани со лента во форма на октагон претставуваат двојност во движењето – јин и јанг.

objekt2

Културниот центар во Сужоу има површина од 215 илјади квадратни метри, од кои најголемиот дел го зафаќа голема сала, 110 илјади квадратни метри, потоа музејот 28 илјади квадратни метри, проследено со изложбен простор кој зафаќа 15 илјади квадратни метри, додека конгресниот центар се наоѓа во рамките на 20 квадратни метри. Галериите, продавниците, рестораните се на површина од 14 илјади квадратни метри.

objekt3

Испрати коментар

Scroll To Top