Vans неодамна прослави 50 години успешно постоење, а сега овој популарен бренд на патики најави и нова соработка. И тоа со модната дизајнерка и панк икона Вивиен Вествуд, со цел заеднички да креираат патики со нота на исклучителна ексклузивност карактеристична за оваа панк икона.
Инаку, Вествуд во светот на модата е позната по својот екстравагантен и панкерски моден израз, и мал дел од својот опус сака да се вклопи и во популарниот Vans модел Slip-On. Графичкиoт модел на патиките од оваа уникатна соработка се заснова на шарени и обоени комбинации со акцент на златни детали.
Целата приказна на оваа соработка да биде стилски заокружена, кутијата со која патиките одат, е насликана со еднаква, уникатна визуелност како и самите патики.