Насловна / Вести / Култниот Volkswagen Transporter T3 слави 45-ти роденден

Култниот Volkswagen Transporter T3 слави 45-ти роденден

Во пролетта 1979 година, светот го запозна Volkswagen T3. Проверениот, но бавен погон на задни тркала, мотор ладен со воздух, но и модерната аголна каросерија, биле референци кои ги привлекле купувачите на 180 пазари ширум светот.

1_107

Моторот е заменет со нов со класично водено лaдење во текот на 80-тите години, а катализатор е вграден во 1985 година. Во 1985 година, во понудата се нашол и првиот Multivan, кој нудел удобни седишта за шест лица, кои можеле да се склопат во кревет, претворајќи го возилото во кампер. Во истата 1985 година, стигнува и теренската верзија Syncro со погон 4×4, кој веднаш станува една од најпожелните изведби во целата понуда.

1_106

 

Нешто подоцна се појавила и до денес познатата патничка верзија на Caravelle, како и полуксузната верзија Westfalia исто така за кампирање. Volkswagen Transporter T3 се произведувал во Европа 13 години. Во текот на тоа време стекнал огромна популарност и култен статус во целиот свет. На крајот од производството на T3 во Европа во 1992 година, можело да се нарача уште едно ограничено издание – Limited Last Edition. Последниот од 2.500 примероци на ова издание може да се види во музејот во Волфсбург. Но, тоа не е крајот на приказната за Т3. Тој продолжува да се произведува во фабриката на Volkswagen во Јужноафриканската Република, се до 2002 година.

Испрати коментар

Scroll To Top