Насловна / Вести / Култната Louis Vuitton и Murakami колекција доби и pop-up продавница

Култната Louis Vuitton и Murakami колекција доби и pop-up продавница

Повеќе од 20 години по лансирањето на култната соработка, модната куќа Louis Vuitton и уметникот Takashi Murakami повторно ги здружија силите и лансираа колекција од незаборавни производи Y2K. Насмеани цвеќиња и нацртани ликови повторно ги украсија чантите со Louis Vuitton монограм, а се врати и иконичната чанта за домашни миленици (од 2000-тите).

Самата соработка возбуди многу модни ентузијасти, не само затоа што станува збор за носталгична соработка која оставила свој белег во модата и поп културата, туку и затоа што лицето на новата кампања е никој друг туку Zendaya.

Се разбира, тие не застанаа тука. Louis Vuitton колаборациите традиционално се следени со низа pop-up продавници, а оваа не е исклучок. Брендот ќе отвори седум pop-up продавници во градовите низ светот – во Лондон, Милано, Сеул, Шангај, Сингапур и Токио, а можеме да замислиме како ќе изгледаат врз основа на првата, кој веќе е отворена во Њујорк.

Во чест на соработката, бутикот Soho на францускиот бренд е трансформиран во простор исполнет со цвеќињата на Murakami и Louis Vuitton монограми во боја на виножито. Забавните чанти се најдоа во својот „природен хабитат“, во неколку весели колор-блок простории со заоблени рабови. Дизајнерскиот тим бил инспириран од хотелите капсули во Токио, простори со мали соби за спиење, често доволно големи само за кревет.

Во некои простории изложени се архивски парчиња од првата соработка, а тука е и галерија која содржи култни парчиња како црните и белите Eye Love Monogram (2003) и Monogram Multicolore (2005), Monogram Blossom (2003) и Monogram Blossom (2005) торби.

Во продавницата е можно да се купат парчиња од новата колекција, а клиентите добиваат и токен што можат да го искористат на машина која содржи LV x Murakami стикери, карти и игри. Дека оваа продавница е всушност земја на соништата, докажува и фактот што темните Louis Vuitton скали водат до кино сала каде се прикажуваат на Murakami старите Superflat филмови.

Како тоа да не е доволно возбудливо во pop-up продавницата е отворен и розов кафе бар инспириран од уметноста на Murakami, каде што клиентите ќе можат да пијат капучино со цимет или веганско топло чоколадо со Louis Vuitton потпис. Со оглед на сета возбуда што ја носи продавницата во Њујорк, со нетрпение се чека да се види најголемиот Louis Vuitton x Murakami pop-up што наскоро ќе биде отворен во Токио.

Испрати коментар

Scroll To Top