Париз е една од најпосетуваните дестинации во светот и град на љубовта и софистицираната естетика. Како резултат на тоа, има многу луксузни хотели во кои секогаш можете да сметате на најдобра можна услуга.
The Hôtel de Crillon е еден од таквите хотели, а сега, по четири години на реновирање, повторно ги отвори своите врати. Лоциран е на познатиот Place de la Concorde и претставува една од клучните точки на неговата визура. По реновирањето, гостите ќе можат да уживаат во 81 нови соби, 33 апартмани и 10 посебни апартмани со потпис. Еден таков стан е потпишан и од познатиот дизајнер Карл Лагерфелд. Grands Appartements, на кои тој работел, го сочинуваат два апартмани со поглед на плоштадот, рачно изработен мебел од дрво, раскошни лустери, walk-in гардероба, како и неговите омилени литературни наслови.
На преуредувањето работел архитектот Ричард Мартине, а покрај луксузните апартмани и соби, хотелот, исто така, нуди одличен ресторан, таверна, бар, спа услуги, зимска градина, фризерски салон и берберница. Материјалите што се користени се скапоцени, како 40-те различни типови на мермер. Според извршниот директор на хотелот, Жак Одино, овој хотел е составен дел на Париз и на некој начин го отелотворува самиот град.