Насловна / Архитектура / Кулата на пандите ја докажува убавината на математиката на секој чекор

Кулата на пандите ја докажува убавината на математиката на секој чекор

Кулата на пандите е проектирана од UDG Atelier Alpha за новиот кампус на Истражувачката база за одгледување џиновски панди во Ченгду.

panda

Тоа е нова културна знаменитост што комбинира набљудување, изложба и разгледување знаменитости, а исто така е дело на пракса што ја слави комбинацијата на природата и технологијата. Инспирацијата за оваа феноменална градба доаѓа од ластарите од бамбус, растение кое е широко распространето во регионот Сечуан-Чонгкинг, а кое е и омилена храна на џиновските панди.

panda1

Главната структура на кулата има 11 ката. На секој кат има пространа платформа за набљудување со поглед на централниот видиковец на паркот за заштита на природата. Без ѕидови и решетки, подните плочи и носачите се јасно изложени, додека главниот дел на кулата се состои од подни плочи и заоблени градежни единици.

panda2

Во овој случај, како инспирација послужи цветот хибискус, кој е заштитен знак и на градот Ченгду. Интересно е да се спомене дека бројот на ливчиња се намалува со аритметичка прогресија од дното на кулата до нејзиниот врв, а гледано од централниот двор, овој простор ја покажува убавината на математиката на секој чекор.

panda3

Ѕидовите на оваа уникатна кула имаат механички систем кој ги отвора фасадните единици кон програмирани агли и брзини во посебни денови, како што се раѓањето на новите бебиња џиновска панда, враќањето на џиновската панда од прекуокеанските објекти и други важни празници. Погодувате – отворот на фасадата неодоливо наликува на никнување на бамбус.

panda4

Кулата Панда е целосно програмски контролирана, со геометриски ограничувања што го дефинираат просторот и структурните компоненти, додека динамиката е задолжена за контролирање на уредот што се повлекува. Овој ригорозен систем на математички ограничувања е најважниот проектански ген на проектот, како и основата на естетиката на добиениот простор.

panda5

panda6

panda7

panda8

Испрати коментар

Scroll To Top