Насловна / Архитектура / Кулата Иконо во Асунсион, симбол на автентичноста на парагвајскиот дух

Кулата Иконо во Асунсион, симбол на автентичноста на парагвајскиот дух

Парагвајското студио Est Arquitectura ја изгради највисоката кула во Парагвај, кулата ICONO, во стариот дел на градот со мешана намена во кој се сместени амбасади, културни центри, станбени и деловни простори во историскиот центар на главниот град Асунсион.

28

Објектот му пркоси на вообичаениот коефициент на искористеност на земјиштето, достигнувајќи ја границата на дозволените проценти, односно 25% од земјиштето се доволни да ја достигне сопствената оправданост и да ја удвои висината на препознатливата панорама на Асунсион. Во компарација со актуелниот локален контексст кој продуцира профил на градот, со компактни висококатници, Torre Icono претставува единствена вертикална поента од ваков тип.

17

Кулата ICONO е проектирана со мансарди од отворен план, што им дава целосна слобода на нејзините сопственици. Ова решение, ослободено од она што авторите го нарекоа „функционална предконцепција“, им дава приоритет на вредности како ефикасност, флексибилност, безбедност и децентрализирани услуги во секој дом.

9

Со висина од 140 метри, таа е највисоката кула во Парагвај, а нејзината формативност стана обележје на градот. Таа ја презема својата вокација како знаменитост со дијафанозна присутност, идентификувана со независни рамнини со ослободени агли, виртуелно дефинирајќи го волуменот и предлагајќи дијагонални погледи на пејзажот. Тенкиот волумен со слободни рабови е дефиниран со црвени рамнини кои на објектот му даваат леснотија, во контраст со масивниот пејзаж на зградите што ја сочинуваат силуетата на Асунсион.

1

Проектното решение ја акцентира удобноста и интимноста, со тоа што има една станбена единица, на кат со поглед на четирите ориентации, во исто време и има за цел да ги елиминира јасните граници помеѓу програмската траекторија и габаритот.

23

Зградата претставува сублимат од карактеристиките по предлог на нејзините корисници, комбинирајќи ги преку искористење на најдобрите погледи на градот, реката и зелениот хоризонт карактеристичен за главниот град на Парагвај. Таа со своите особености ги надминува калкулациите за недвижностите за да го докаже она кон кое не учи учи Исак Динесен во „Надвор од Африка“: „Светот е создаден да се гледа одозгора“.

24 25 26 27

 

Испрати коментар

Scroll To Top