Компанијата Arup во соработка со Heller Manus Architects осмисли хидраулични амортизери со висина од цел кат кои се инсталирани на третата највисока зграда во Сан Франциско.
Најинтересната работа во градот на сонцето и стрмите улици не е пентхаус кој чини 42 милиони долари, туку нешто што не е така гламурозно, но е моногу иновативно. Во прашање се хидраулични амортизери (дампери) кои овозможиле оваа висока зграда многу лесно да ги исполни строгите критериуми за сеизмика.
Кога Arup ја извршил ревизијата на проектот, кој го потпишува Heller Manus Architects, заклучиле дека челичната конструкција е многу тешка, тешка колку и препознатливата конструкција на седиштето на CCTV во Пекинг со огромна конзола.Тежината имала негативни влијанија на стабилноста на кулата во сеизмичка смисла. Инженерите на Arup, раководени од градежниот инженер Ibbi Almufti, ја редуцирале количината челик, како би можело да се креира полесна и со самото тоа и пофлексибилна структура, пишува Metropolis.
Хидраулични амортизери кои ги прифаќаат сеизмичките сили
За да се прифатат сеизмичките сили, кулата во Сан Франциско добила хидраулични амортизери. Амортизерите се високи цел кат, изгледаат како клипови кои се прицврстени на краевите на секундарните носачи кои како сендвичи го опфаќаат примарниот дијагонален носач. Кога зградата се тресе, примарните носачи се збираат и продолжуваат како пружина, додека секундарните носачи ги активираат дамперите кои ја апсорбираат енергијата од земјотрес. . PTFE подлогите на пресекот на носачите и подните подлоги исто така помагаат носачите да лизгаат, а ја спречуваат нивната деформација.
Систем на примарни и секундарни носачи со дампер
Овој иновативен систем особено е погоден за трусни подрачја како што е Сан Франциско, град кој доживува нов бум во изградба на високи згради. „Ова е една од најсигурните високи згради на светот“ вели Jeffrey Heller, претседател и основач на студиото Heller Manus.
Исто така оваа зграда е изградена по стандардите Arup REDi Rating System, кои инженерот Almufti ги составил заедно со инженери, академици, архитекти и инвеститори кои сакаат да градат подобро и поквалитетно.
Дамперите се високи цел кат