Седум метри висока кула вшмукува и чисти 30.000 кубни метри воздух на час, додека за тоа користи струја колку и болјер. Првата ваква кула е поставена во Ротердам и во моментот е најголем вакуумски чистач на светот. Има височина од седум метри и капацитет за прочистување на 30.000m3/h воздух.
Кулата е креирана од данскиот проектант Дан Розегард (Daan Roosegaarde), сопственик на компанијата „Studio Roosegaarde“. Идејата се родила по неговата посета во Кина во 2013 година кога се сретнал со проблемот на големата загаденост на воздухот.
Кулата го вшмукува воздухот како огромен вакуумски чистач. Воздухот потоа се филтрира со помош на технологија која пренесува позитивно наелектризирање на честичките прашина.
Негативно наелектризираната електрода привлекува прашина, а пречистениот воздух се испушта низ вентилите на шест страни на кулата. Неговата патентирана технологија работи на сличен начин како пречистувач на воздухот во болниците.
„Воздухот околу кулата на оддалеченост до 25 метри во просек е 60 проценти почист од воздухот во другите делови на градот“, вели проектантот и додава дека „во затворени простори тој процент е уште поголем“.