Лондон добива нов урбан репер во вид на кула наречена Tulip, која според зборовите на архитектите би требало да стане „нова јавна културна атракција“. Foster + Partners, проектанти на кулата во форма на „лале“ ги обелоденија деталите на предложеното решение.
Новиот спектакуларен објект би требало да биде изграден во непосредна близина на кулата The Gherkin, прочуената зграда популарно наречена „корнишон“, која исто така е дело на компанијата Foster + Partners.
Tulip, која своето име го добила по својата форма во облик на цвет лале, ќе биде кула висока 305 метри, која првенствено ќе служи во образовни цели со кој ќе управуваат сопствениците на објектот J. Safra. Планирано е низ програмата на групата J. Safra, која е инвеститор на објектот, на годишно ниво да поминат 20.000 деца од државните училишта. Додека престојуваат во зградата децата ќе имаат исклучителна можност да уживаат и во панорамскиот поглед на Лондон од висина од околу 300 метри, пишува ArchDaily.
Планиран е двоспратен влезен павилјон во однос на постоечката приземна зона на The Gherkin, новата јавна кровна тераса, шопинг зоната и 284. места за паркирање точаци, дополнително ќе ја активираат оваа градска зона.
Непосредно до павилјонот ќе се изгради парк со два вертикални зелени ѕида кои ќе го зголемат зеленилото на оваа локација 8.5 пати.
Само за најхрабрите
Планирана е изградба на галерии поставени покрај фасадата, висечки мостови и стаклени лифтови кои ќе ги возат најхрабрите посетители по фасадата се до висина од 300 метри од каде ќе се пружа спектакуларен поглед на Лондон.
„Tulip е создадена во склад со духот на Лондон, како прогресивен и напреден град. Новата зграда на жителите на Лондон и неговите посетители ќе им овозможи ново место за култура и дружење“. – изјави Норман Фостер.
Одржливост на прво место
Според претставениот проект зградата Tulip би требало да добие висока BREEAM оценка, благодарение на воведување на голем јавен простор, 284 паркинг места за точаци, како и вертикалните градини и системите кои гарантираат намалување на јаглерод за 42% и заштеда на вода за 48%.
Доколку добие одобрение за градење, изградба на кулата Tulip би требала да почне 2020 година, а крајот на работите се предвиува за 2025 година.