Овој прекрасен нов дом, дизајниран од познатиот архитект Енди Карсон, е вистинско засолниште надвор од урбаниот градски центар, кое се наоѓа на пространа крајбрежна локација над плажата Вери во Нов Јужен Велс. Самиот дом се состои од три павилјони кои се поврзани со внатрешниот двор, а самиот архитект истакнал дека инспирација нашол во пејзажот околу куќата – океан и карпи и пространи зелени пасишта.
Само поради неверојатната природа, куќата има поглед од 180 степени, така што нејзините станари можат да уживаат во сите аспекти на природата, далеку од задушливата урбана средина. Голем број од ѕидовите внатре се заменети со стакло. За да се зголеми заштитата на природата, сопствениците на оваа куќа одлучиле дека нема да имаат пристапен пат што води до нивниот дом, па така секој мора да пристигне пеш.
Внатрешниот ентериер се потпира на естетиката на минимализмот, така што просторите не се натрупани со голема количина мебел, туку со неколку клучни парчиња кои даваат топлина на домот, бидејќи сите се изработени од природни материјали. Металниот камин кој „лебди“, бањата која дава прекрасен поглед на океанот и надворешниот базен во центарот на куќата, ве тераат да се заљубите во овој дом и да сонувате за ваш престој во неа.