Група белгиски уметници направиле џиновски мигрант на надувување за да ја прошират свеста за тешката ситуација во која се наоѓаат луѓето кои останале без своите домови поради војната во своите земји и морале да побараат втор дом.
Белгискиот уметнички колектив „Шелекенс енд Пелеман“ направил шест метри висока кукла на надувување во облик на мигрант.
Куклата ја нарекле Inflatable Refugee и како што велат, таа претставува симбол на дехуманизацијата и бегалската криза која се случува денес во светот.
– Уметноста може да ни помогне на поинаков начин да го согледаме светот и да ни пружи поглед на реалноста – велат авторите на овој проект.
Во исто време, тие додаваат дека уметноста мора да има критички осврт на општеството во кое живееме, а уметниците се тука пред се да разменуваат идеи и да прават дебати, поттикнувајќи ги луѓето на размислување и расправа, а не да нудат готови решенија и одговори. Огромната кукла на надувување привлекла големо внимание во пристаништето на Копенхаген.