Куќните скали што денес може да се најдат на пазарот, задоволуваат исклучиво преку својата функционална форма, додека онаа естетската најчесто останува како споредна. Но, со ваквата состојба не се согласува дизајнерката Jeeyoung Yang, која неодамна презентира и докажа како мини скали за домашни услови може истовремено да бидат убаво дизајнирани и функционални.
Делуваат доста минималистички и со лесна конструкција во форма на триаголник, во кој се компонирани две мини дрвени скали направени од дрво лешник, земајќи предвид дека на сите во семејството им треба уште малку повеќе „височина“ за да се стигне до најгорните предмети во ентериерот.
Скалите имаат и механизам, може да се склопат и да се закачат некаде на ѕид.