Насловна / Архитектура / Куќите КЈС во близина на Задар

Куќите КЈС во близина на Задар

Општина Кали се наоѓа на јужниот дел на островот Угљан во Задарската жупанија. Кали е најголемото место на задарските острови, познато најмногу по риболов. На една од ретките преостанати неизградени парцели, меѓу два коловозни правци со висинска разлика од 21 метар, било потребно да се обликуваат две куќи за одмор. Како да се проектира целовит простор за низа хетерогени потреби на современиот корисник за за време на неговиот престој, а да има чувство дека живее „со море и на море“?

created by dji camera

1

Куќите дело на архитектите од бирото SODAA се проектирани како просторна целина на помали амбиенти во кои се сместени различни функции неопходни за квалитетен одмор. Бидејќи најчесто се користат за време на пријатната летна клима, идејата била да се овозможи богато користење на надворешните простори, како екстензија на внатрешните, со кои заедно формираат просторно-функционална целина.

5

Големата стрмнина на парцелата овозможила сите новоформирани амбиенти да се збогатат со најголемата вредност на локацијата – поглед кон морето и градот Задар. Со оглед на различните услови на микролокацијата на секоја куќа и нејзината програма, куќите се сосема различни по организација, но со ист архитектонски израз, со што е создадена обликовна целина.

2

10

Релативно големите волумени на куќите во однос на големината на локацијата се поделени на три приближно еднакви кубуси по куќа, поставени на таков начин што нивните меѓусебни односи создаваат разновидни надворешни простори кои се пријатни за престој. Целиот склоп е поврзан со скали позиционирани така што не ги попречуваат другите функции и овозможуваат пристап до морето од двете куќи. Посебно внимание е посветено на обликувањето на големи хоризонтални надворешни простори околу кои се одвива целиот дневен и вечерен ритам на користење.

13

12

11

4

3

6

7

16 17 19 20 18

 

Испрати коментар

Scroll To Top