Последново време се карактеризира со интердициплинарно поврзување на општествените, хуманистичките и природните науки, и се се поактуелни полемиките кои се однесуваат на подрачјето на културата на новите медиуми, технологии и значајни визуелности.
Во конкретниов случај, се работи за изработка на техничка документација за викенд населба од 12 единки, секоја од 900-1200 м2 површина и дефинирање на можностите за локацијата, која се наоѓа на 16км од Скопје, на 525 надморска височина со комплетна инфраструктура, пристапни патшта, вода, електрика. Локацијата им овозможува на проектираните објекти живот во природа, која се наоѓа во непосредна близина на градот и која овожува да уживате во чист воздух, мирис на вегетација и звуци на птици и животни, кои таму живеат. Документацијата е изработена од страна на „ Радо Инжинеринг “, водена од авторите архитектот Ѓоко Радовановиќ и дизајнерот Стефан Матески.
Проектираните објекти се со димензии од 32 до 96 м2 и сите имаат сопствена атмосфера и приказна. Местопозицијата на локацијата ги потврдува научните истражувања за извонредните здравствени придобивки на животот во шума, што овозможува зајакнување на имунолошкиот систем, намалување и целосно спречување на стресот, регулирање на крвниот притисок.
Проектирањето според конкретен корисник, треба да е длабоко вкоренето во процесот на просторно создавање. Се почнува со проучување на психолошките, материјалните и просторните аспекти, ширејќи ги идеите на просторот во служба на надворешно изложување на културниот идентитет на корисникот.
Денес се врзува со начинот на животот на индивидуата и се добива одлика на отворени можности и избор на самиот корисник – време на радикален индивидуализам. Конкретниот корисник на просторот има можност да бира која егзистенцијална карактеристика му е важна, но не на штета на семејството, групата или заедницата во непосредна близина. Барањето да е поинаквост во однос на останатите, подразбира сопствен систем на вредности со јасни ставови. Индивидуализамот инсистира на тоа интересот на личноста, која е дел од системот, на најдобар начин да биде задоволен и во архитектонска смисла, со максимална слобода на избор, кој се нуди во предложените решенија.
Овој пат, 09-те куќи чекаат сопственици. Куќите бираат.
Подготви: Студио „ Радо Инжинеринг “, Скопје