Даглас Барнхард од Санта Круз, Калифорнија, САД, сопственик на фирмата Sourgrassbuilt, прави мебел, но и куќички за птици инспирирани од архитектурата од средината на минатиот век. Сепак, неговата работа е под влијание и на локалната култура на скејтери и сурфери од Санта Круз, па неговите дела се производ на необичен микс.
SUNNYVALE
Оваа куќичка за птици е и инспирирана од домовите во шеесеттите години, Eichler homes во Sunnyvale Калифорнија. Направена е од бамбусово дрво, висококвалитетен портокалов ламинат и прозорци со акцентирани геометриски метални паравани. Има и метален сад со птичји семиња за гладни птици! Куќучката ќе ве чини 449.99 долари.
SUNSET MODERN
Списанието Sunset ја претстави оваа куќичка, во делот Best of The West. Ова е модерна куќичка за птици од средината на векот, дизајнирана и изградена за списанието Sunset. Куќичката е направена од бамбус и тиковина со сјаен бел и портокалов ламинат. Има прозорец од подот до плафонот и вклучува подвижна кутија за садници и покрив за сукуленти. Куќучката ќе ве чини 649.99 долари.
SEABRIGHT BAUHAUS
Оваа куќичка за птици е дизајнирана и направена од обновено црвено дрво пронајдено во близина на плажата во Санта Круз. Куќичката е обвиткана во бамбус и завршена со светло сив ламинат. Секоја од овие куќички за птици е рачно изработена со рециклирано црвено дрво и секоја е уникатна врз основа на преработеното дрво. Куќучката ќе ве чини 389.99 долари.
KAUAI HOUSE
Kauai house е инспирирана од неколку патувања во Kauai и уникатната хавајска архитектура видена таму. Поради убавото време, Хавајците го интегрираат животниот проатор во надворешно- внатрешно живеење што преовладува во потоплите краишта. Оваа куќичка за птици е направена од бамбус и тиковина и вклучува две рачно изработени даски за сурфање! Куќучката ќе ве чини 899.99 долари.
PALM SPRINGS
Оваа куќичка е инспирирана од модерните домови од средината на векот во Палм Спрингс Калифорнија. Изработена е од бамбусово дрво, висококвалитетен тиркизен, сив и бел ламинат. Вклучува геометриски метален екран во стилот на шеесеттите. Оваа куќичка за птици исто така има и прекрасна кутија за садење бамбус. Куќучката ќе ве чини 549.99 долари.
NUMBER ONE
Косиот кров и уникатната форма на оваа куќичка за птици се инспирирани од љубовта на Барнхард кон модерната архитектура од средината на векот. Изработена е со бамбусова иверица и портокалов ламинат со висок сјај. Куќучката ќе ве чини 399.99 долари.
THE SAN RAFAEL
San Rafael куќичката за птици инспирирана е од домовите Eichler homes од шеесеттите години во Сан Рафаел, Калифорнија. Изработена е од бамбусово дрво, висококвалитетен бел ламинат и има двостран камин за птичји семиња. Вклучува и жив покрив за сукуленти и керамички сад за вода. Куќучката ќе ве чини 549.99 долари.